Црвениот крст успешно го реализира квизот „И јас сум Црвен крст“ . Од 2012 се надеваат дека истиот ќе прерасне во традиционален. Подготовките и реализацијата на квизот се спроведе во изминатиов месец. Во квизот беа вклучени 260 основци кои најпрво ги добија матријалите од кои требаше да научат за работата и делувањето на Црвениот крст.
„ Идејата е да се прошират знаењата за Црвениот Крст кај најмладите да се потикне хуманоста нивниот волонтерски дух да се вклучи во активностите од Црвениот Крст. Во Квизот беа опфатени сите училиште од Охрид и општина Дебрца. Најпрво имаше интерни квалификациони натпревари и од секое училиште ја избравме најдобрата екипа“, вели Весна Терзиоска – десиминатор ОО на Црвен Крст.
Прелимиционите натпревари од квизот беа минатата недела кога во секое училиште се спроведоа интерни натпревари и кога секое училиште се избра своја екипа која ги претставуваше на натпреварите.
„Нас најголема цел и првична ни беше децата да научат за Црвениот крст за активностите и принципите Екипата која ќе го освои првото место денес оди на седумдневен престој зимување на Златибор Р Србија и второ и трето наградената екипа ќе имаат убави награди тоа ќе се некои патувања, но ќе се во Македонија а не надвор од државава“. Додава Терзиоска.
На денешниот финален квиз натпревар победи екипата од ОУ Ванчо Николески, која освои седум дневен аранжнам со Златибор, Србија , второ место освои екипата од ОУ Григор Прличев, а трето место ОУ Живко Чинго. Од Црвениот крст додаваат дека се многу задоволни од знаењата кои ги покажале учениците вклучени во квизот квизот „И јас сум Црвен крст“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град