Непознати сторители ги отстраниле синдикалните плакати од охридските улици кои повикуваа на утрешниот јавен протест што ќе се одржи во Скопје. За членот на Претседателството на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството од Охрид, Драган Молкоски, ваквиот чин не е изненадување. „Ова е една слика за односот и грижата на некои членови од заедницата кон нашите права. Oдсекогаш сме имале опоненти, без некој да разликува дека го ништи нашиот синдикален денар кој е скромен. Со скромни средства правевме напори да ги информираме граѓаните и работниците да дојдат што помасовно на протесото да го кажат својот глас дека ги бараат своите права, ама за жал имаме и понатака опструкции, вели Молкоски “.
Синдикалците со протестот бараат да се спречи понатамошното губење на работничките права, а очекуваат и масовна поддршка од граѓаните. „Од Владата бараме да го повлече Законот за технолошки вишок од процедура и Законот за минимална плата. Со овие два закони кои се во собраниска процедура се намалуваат работничките права, како што е намалување на надоместот за одење технолошки вишок од 5 години на 18 месеци, истакнува Молкоски.
Инаку, Законот за работни односи е менуван во неколку наврати, а при тоа Сојузот на Синдикатите на Македонија има крајно пасивен однос, вели Молкоски. Тој напоменува за утрешниот протест што го организира Сиер во Скопје, како еден од 17 -те гранкови синдикати, сеуште нема информација за конкретна поддршка на ССМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град