Предновогодишната еуфорија како да го заобиколува Охрид. На само една недела до големиот ден, малку работи асоцираат на празнична атмосфера. Дури и бројот на новогодишни тезги е преполовен. Закупувачите на тезги не сакаа да излезат пред камера, но зад камерата велат дека секоја година се се помалку задоволни од условите под кои ги закупуваат тезгите. За оваа Нова година конечно беа обезбедени и долго најавуваните типизирани новогодишни тезги.
Тезгаџиите се жалат на се помал промет од новогодишните тезги. Нема аир ниту од новите, типизирани. Велат: Не можеме да собереме пари да ги покриеме трошоците, а камоли да имаме добивка.
Ништо не се случи ниту со планираните куќарки кои покрај естетскиот изглед, требаше да ги заштитат и продавачите од ветрот и студот. Тезгаџиите велат: Работиме во тешки услови, тезгиве се пластични и најмал ветер може да ги преврти, а за студот да не зборуваме. Моравме да го побараме и овој син најлон за да ги покриеме, инаку ќе измрзневме. Нивното незадоволство е уште поголемо и поради висината на надоместокот кој го плаќаат. Велат даваме по 5000 денари за 15 дена, а никој не ни ги покрива трошоците за електрична енергија, тоа сами мора да си го обезбедиме. И додека целта која требаше да ја постигнат типизираните тезги беше унифициран и современ изглед, сега, на само една недела пред Новата година, прашање е колку е таа постигната. Тезгите можат да се избројат на прсти, а богами освен сината боја и пластиката од која се направени, типизацијата тешко да се забележи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град