Истрајноста и стрпливоста која е белег на нашето поднебје, предмет на интерес на американскиот мултимедијален уметник Ерон Крач. Неговата уметничката проект-инсталација насловена, ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ е основана за оваа временска поента и e поставена на билборди на две локации околу Охридското Езеро и една во централното градско јадро на Охрид.
“Фразата е лична”, вели авторот и, „претставува клише за истрајноста и стрпливоста. Но повеќе ми се допаѓа како јавна изјава, изјава за фактот, колку долго или бавно може да се развива историјата“, додава тој.
Крач ја посети Македонија на почетокот на оваа година и за време на неговиот престој тука, дошол на идејата за овој проект. „Охридското Езеро е старо милиони години, што е неверојатна и несфатлива временска категорија. Контраст со количеството промени, лични и политички – кои се јавуваат во нашите кратки животи. Овој вид на време, кое брзо се движи, е уште едно ниво кое овој проект го истражува“ вели Крач.
Ерон Крач е роден Ајонија, Мичиген во 1972 година. Израснал во Алхамбра Калифорнија, каде на Универзитетот во Калифорнија, дипломирал во класата за визуелна уметност. Денес Крач живее и твори во Њујорк. Неговите фотографии и скулптури се изложени во Сиетл, Сао Паоло, Бостон и Лос Анџелес.
Добитник е на грантот за култура на јавни уметности во Долен Менхетн. Досега има објавено и две книги: романот „Половичен живот“ и збирката фотографии „100 Мистерии на Њујорк“.Од неговото новинарско портфолио, треба да се напомене неговата работа во „Ин Стајл“ магазинот, а тој е и поранешен уредник на „Емпајер“ филмското списание.
Инсталацијата е поставена од 1ви декември, а ќе остане во нашиот град до 31ви јануари 2012.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град