Градоначалникот на Струга ќе формира екипи за контрола на приватното сместување

Ова е еден од начините за унапредување  на туризмот во Струга. Со заеднички сили со централанта власт, Мерко очекува уште поголем развој  во туризмот.

 |  Билјана Ќосеска  | 
plaza
plaza

Ова е еден од начините за унапредување  на туризмот во Струга. Со заеднички сили со централанта власт, Мерко очекува уште поголем развој  во туризмот.

Струга реално треба уште многу да поработи за развој на туризмот. Иако овој град  веќе неколку години на назад има голем напредок во оваа област, сепак изостануваат уште многу приоритети од кои туризмот директно зависи. Во Струга, приоритет е поголемата евиденција на приватното сместување која сеуште е горлив проблем за надлежните од Локалната самоуправа.

plazaМерко истакна дека во моментов се работи на решавање на оваа проблематика, со што се формираат нови екипи кои ќе вршат контроли на приватните станоиздавачи како и на хотелското сместување. Сигурен сум дека за скоро време  Струга ќе биде место со светски туризмот. Се надевам дека ова ќе го постигнеме пред се со поголема соработка со централната власт. Освен што од развојот на туризмот ќе има корист градот и граѓаните, добива и државата, истакна градоначалникот.

Струга присуствува речиси на сите  саем преку кои се презентира туризмот, но за да се постигне уште поголем напредок, градот треба да го види целиот свет. Една од идеите за презентација на Струга е тоа да се направи преку телевизиски екипи, кои исклучиво се занимаваат со оваа тема.  Се планира новинари да се донесат во градот на неколку дневен престој, а за возврат тие да го презентираат градот на нивните телевизии. Од Локланта самоуправа сметаат дека оваја начин е еден од подобрите со цел да се привлечат повеќе гости од странство.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top