Од суровата реалност поврзана со инцидентите не тргна директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче. Тој ги повика камерите да бидат подготвени уште вечерва и да го регистрираат ефектот на комплет поставените светлечки реквизити.
Димитар Пендо, претставникот на угостителскиот еснаф, вели дека се спремни за пречек на гостите кои ќе го посетат Охрид. Тој додава дека добро би било до година акцент да се стави и на католичкиот Божиќ, бидејќи и тој верски празник привлекува големемо внимание кај туристите.
Да се надеваме дека теоретските претпоставки на надлежните и во пракса ќе протечат во најдобар ред и мир, бидејќи на Охрид во овој момент повеќе од потребен му е „добар глас“ посебно во врска безбедносната состојба во градов за предстојните новгодишни и божиќни празници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град