Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда во Холандија и Шведска. Неодамна во Светскиот трговски центар во Амстердам-Холандија, во организација на амбасадорот г-дин Никола Димитров се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација, но и промоција на македонските вина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ги презентираше туристичките потенцијали на Македонија пред повеќе од триесет холандски тур-оператори кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, но и пред тур-оператори кои пројавиле интерес за носење на туристички групи во нашата земја.
Јордан Трајков, директор на АППТ информира дека „Холандија е еден од нашите главни целни пазари. До 2010 година пазарот со Холандија во голема мера го одржуваше Каратанова турс, со целиот свој ентузијазам и вложувања во чартерскиот превоз. Од 2010, со пуштањето на програмата за субвенции, привлечени се и други туроператори и оваа година ќе имаме 2 компании кои поставуваат чартер летови кон Македонија. Една од нив поставува и чартер летови од Белгија. Тој додава дека се буди и интересот за зимскиот туризам во Македонија, нешто што може навистина да претставува голем чекор напред во збогатувањето на туристичката понуда. Инаку, овој настан беше поддржан од холандската владина агенција Holland Gateway.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град