На улицата Димират Влахов, делот зад општинската зграда, кал до гуша. Жителите револтирани на надлежните затоа што со овој проблем се соочуваат веќе трета година и сеуште ни трага ни глас од надлежните за негово решавање.
„Најголем проблем имаме кога ќе врни. Патот е со кал, со кола неможе да се помини од градежни машини. Овој проблем го имаме едно 3-4 години. Се имаме обратено до надлежните органи, но прблемот не се решава додека е во изградба. Ако нема можност да се стави асфалт, барем да се стави тампон за да може да се поминува по самата улица“, вели жител на овој дел од Охрид.
Од локалната имаат свое објаснување за проблемот. Портпаролот Симон Илиевски со ветување дека овој проблем за скоро ќе биде решен.
„ Паралелно се гради и зградата на локалната самоуправа на тој дел на улицата има многу градежни машини. Завршен е тендерот за реконструирање на целата улица, бидејќи има многу нови згради да се направи и нова водоводна мрежа која ќе ги задоволи капацитетите за новите згради кои ќе се во прдолжение, за улицата која се сече со Димитар Влахов која е во отворање, ќе се направи нова канализациона мрежа и ќе се направи нова канализација за атмосверски води. Ќе се направи нова коловозна лента, ќе се преасфалтира“, вели портпарол на општина Охрид, Симон Илиевски.
Илиевски потенцира дека проблемот ќе биде решен, но се зависи од временските услови. Тој потенцира дека кога ќе се асфалтира, тоа ќе се направи не само на овој дел од улицата, туку комплетно нов изглед ќе добијат и сите останати улици кои водат до сите згради на улиците Димитар Влахов и Даме Груев. На прашањето дали во локаланта се разгледуваат варијанти за тоа колку толку да им се помогне на жителите на овој дел од Охрид во зимскиотв период, портпаролот без прецизен одговор.
„Јас неможам сега да го кажам ставот на локалната самоуправа треба да ги консултирам луѓето раководителите. Сметам дека луѓето во било кое време да дојдат нашите надлежни сектори ќе поразговараат со нас и додека трае оваа постапка за целосно санирање на тој проблем ќе гледаме да им се подобри влезот“, вели портпарол на општината
Останува да видиме дали и кога ветувањата од локалната самоуправа ќе бидат реализирани. Тв М и понатаму ќе го следи овој проблем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град