Пратеникот Цветко Грозданов со нови обвинувања до охридскиот градоначалник

Тој реагира дека поради неговата несериозност, Охрид ќе остане без двете фудбалски игралишта за чија изградба владата пред две години даде пари. Грозданов бара под итно Петрески да даде дозвола за градба за игралиштето во Лескоец.

 |  Лионела Jаковлева  | 
zname VMRO
zname VMRO

 

Тој реагира дека поради неговата несериозност, Охрид ќе остане без двете фудбалски игралишта за чија изградба владата пред две години даде пари. Грозданов бара под итно Петрески да даде дозвола за градба за игралиштето во Лескоец.

154.000 евра наменети за изградба на двете фудбалски игралишта ќе пропаднат доколку градоначалникот Александар Петрески и понатаму продолжи да се однесува несериозно и инфантилно, обвинува пратеникот Цветко Грозданов. Тој објаснува дека веќе две години не можат да започнат градежните работи во Лескоец на просторот кој е предвиден за игралиште поради бирократското однесување на локалната, а посебно на градоначалникот.

press VMRO-DPMNEПетрески објаснува дека работата стои поради три спорни локации на земјиштето на кое треба да се гради игралиштето во Лескоец. Грозданов тврди дека спорните локации се во сопственост на држават и оти таа е подготвена веднаш да ги отстапи на локалната, но таа треба тоа да го побара. Според него не се издржани ниту тврдењата на Петрески дека за дел од земјиштето се води процес на денационализација. Грозданов извади документи со кои се докажува дека земјиштето е експроприрано, а за тоа сопствениците добиле паричен надомест.

Грозданов заедно со неговиот тим пред една година  изготвиле елаборат за просторот на кој треба да се наоѓа игралиштето во Лескоец. Тоа ги чинело речиси 1000 евра. За жал сега ќе мора да изготвуваме нов и да правиме дополнителни трошоци бидејќи во месец јуни беше направено ново снимање на просторот па има некои мали отстапувања од старите локации, објаснува Грозданов. Заради неажурноста на локалната и секторот за урбанизам, ние непотребно ќе трошиме пари, реагира Грозданов. Тој веќе нема надеж и дека ќе се изгради фудбалско игралиште во Воска за што години наназад се залага и е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на спортски објекти во сите градови на државава. Според Грозданов со ДУП на тоа место не е предвидена изградба на игралиште туку  друг објект кој во никој случај не е поврзан со спортот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top