Мерко дојде, кој ќе биде директор на МЈП „Проаква“?

Одлуката за тоа кој ќе биде прв човек на МЈП „Проаква“, ќе падне во петок. Вака стојат работите околу изборот на генерален директор на ова Јавно претпријатие, барем според најавите, на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

 |  Билјана Николоска  | 
Ramiz Merko
Ramiz Merko

proakvaПеток 09. декември ќе падне одлука за директорската позиција на МЈП „Проаква“. Дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, после работната посета во Америка, конечно го донесе клучот на досегашната тактизација на охридскиот градоначалник Александар Петрески, околу назначувањето на прв човек на МЈП „Проаква“, најверојатно ќе се знае за утре, барем според најавите на Мерко.
Едно треба да е јасно како ден, мора да се избере добар човек кој ќе има своја програма за излез, односно за водење кон подобро на МЈП Проаква, вели Мерко. Но, тој не признава дека состојбата во претпријатието е крајно загрижувачка, напротив тврди дека во делот на Струга се е под контрола.
Преостанува уште малку време да слушнеме кој од пријавените четворица кандидати ќе биде генерален директор на МЈП Проаква. Како што ТВМ веќе информира кандидати за директорската позиција се Златко Старкоски, Игор Блажески, Ваит Ајро и Владо Алексиески. Кој од нив ќе се справи со моменталната состојба во претпријатието кое е во негатива и кое на вработените до овој момент не им има исплатено најмалку 3 плати, останува да видиме. ТВМ континуирано ќе ја следи состојбата и навремено ќе ве информира за сите нови моменти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top