Најмладите против дискриминацијата

Закон за спречување и заштита од дискриминација постои во Македонија. Но, сепак, потребно е сите ние да се ослободиме од стереотипите вкоренети кај нас, а дискриминацијата да ја оставиме некаде далеку на маргините од нашето општество.

 |  Крсте Голабовски  | 
decinja
decinja

decinjaЗакон за спречување и заштита од дискриминација постои во Македонија. Но, сепак, потребно е сите ние да се ослободиме од стереотипите вкоренети кај нас, а дискриминацијата да ја оставиме некаде далеку на маргините од нашето општество.

Најмладите од Охрид покажаа како треба против дискриминацијата. Во согласност со Акциониот план „Заедно против  дискриминација“, Општина Охрид и Црвениот Крст, на градскиот плоштад организираа културно уметничка манифестација. Ова е само мал обид во запознавањето на популацијата со постоењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и со самото тоа подигање на јавната свест кај луѓето. Токму од најмладите треба да започнеме, доколку сакаме да ја менуваме свеста, вели Анета Јовановска од О.О. на Црвениот Крст од Охрид.

„Генерално ако нешто сакаш да смениш треба да се почне од корен. Значи токму таму од училиштата од дечињата. Кога оттука ќе почнеме да ја менуваме свеста тогаш многу е поесно луѓето од нашиот град а и пошиороко, луѓето ќе почнат да се потолерантни, да нема дискриминација и сите оние пропратни елемнти кои го загрозуваат посотоењето на луѓето, односно кршењето на човековите права“, вели Јовановска.

Дискриминацијата тешко се препознава. За таа цел, информираат надлежните, тековно во училиштата се спроведуваат работилници за подигање на свеста и разбивање на стереотипите кај најмладата популација.

„За жал стереотипите ни се длабоко вкоренети во нас и навистина е потребна една добра афирмација на сите тие негативни појави кај најмладите да се што повеќе занемарат да ги надминиме заеднички, помаѓајќи ги ние возрасните, меѓутоа и ние сами меѓу себе треба да си ги смениме односите меѓу луѓето“ објаснува Јовановска.

Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се обезбедува спречување и заштита од дискриминација во остварување на правата загарантирани со Уставот на Република Македонија, законите и ратификуваните меѓународни договори. За таа цел е изработен и прирачник со кој успешно ќе се спроведе имплементацијата на овој закон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top