Светскиот ден за лица со хендикеп е само повод за заеднички проект на Црвениот крст и Ротаракт клубот. Тие денеска со работна сила и финансиски средства започнаа со реализација на активностите за подготвка на работни простории за децата со посебни образовни потреби.
„ Денеска овој проект го изработуваме како дел од проектот ЦКА ПХВ кој е во училиштетво за децава со посебни потреби. Ние се заложивме и на помош ги викнавме членовите на Ротари клубот.Тие се јавија на нашиот повик и заедно го спремивме просторов за деца кои во оваа просторија ќе одржуваат настава“, вели волонтер во Црвен крст – Охрид, Милан Србиноски.
Младите од црвениот крст во реализацијата на проектот помош добија од младите од Ротари клубот, кои покрај со финасии, помогнаа и со работна сила.
„ Ротари клубот има тековни акции во ова училиште исто и ние имавме одредени проекти во летото, затоа мислевме дека треба повторно да се вклучиме и да направиме нешто повторно за ова училиште“, вели претседател на „Ротаракт клуб, Драган Здравески.
Стручните лица презадоволни што конечно започна реализацијата на проектот со кој ќе им се помогне на децата со образовни потреби. „Светскиот ден за лица со хендикеп е одличен повод за реализирање на овој проект од страна на Црвен крст и младите од „Ротари клуб“, кој се однесува на средување на училници во двете училишни згради наменети за учениците со посебни образовни потреби“, истакна дефектологот од училиштето Наташа Илоска.
„Ова ќе бидат училници во кои ќе се работи индивидуално со учениците со посебни образовни потреби каде што тие ќе можат своите потреби и способнмости да ги развијат до максимум. Тоа ќе бидат воедно и кретативни училници – работилници, во кои што ќе бидат вклучени сите надарени ученици тие што се креативни и што сакаат да изработуваат различни украси, новогодишни честитки и други интересни изработки. Ученици со посебни образовни потреби во училиштето има околу 30, дел од нив се категоризирани, а дел се ученици од воспитно и социјално запоставени семејства“, вели дефектолог во ООУ Братство Eдинство, Наташа Илоска.
Директорот на училиштето Моамер Доко изрази ограмна благодарност до двете организации кои со здружени сили го реализираат проектот за децата со посебни образовни потреби.
„Во име на вработените од колективот и учениците на ООУ Братство Единство Охрид, а воедно и во мое лично име – ја изразуваме нашата голема благодарност до црвен крст и младите од ротари клубот, кои ќе овозможат средување и целосно опремување со инвентар, нагледни средства на две училници- и тоа една во централната зграда и една во зградата во Лескајца.
Овие училници ќе бидат наменети за работа со учениците со посебни образовни потреби, а воедно ќе бидат и креативни работилници во кои ќе бидат вклучени сите ученици“, вели директорот на училиштето Муамер Доко.
Директорот додава дека тимот од училиштето со заеднички сили согласно програма за работа прави се за да ги подобри условите за работа на децата со посебни потреби вклучени во воспитно образовниот процес како и реализирање на предвидената воспитно образовна дејност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град