Осумтте точки од урбаната сфера кои се најдоа на крај од дневниот ред на 41 та седница, поминаа набрзина, безболно, само со еден исклучок-предлог Одлуката за утврдување Нацрт детален урбанистички план за дел од населбата Воска.
Осумтте точки од урбаната сфера кои се најдоа на крај од дневниот ред на 41 та седница, поминаа набрзина, безболно, само со еден исклучок-предлог Одлуката за утврдување Нацрт детален урбанистички план за урбана заедница 4, дел од блок 4,2 опфат еден општина Охрид 2011-2016 (Воска). И покрај очекувањата и најавите на опозицијата на охридскиот совет, дека жестоко ќе реагираат и укажуваат за урбаното дивеење што се случува во градов, печат на денешната седница стави нивното молчење за точките од урбаната сфера. Единствена дебата се отвори за 13-тата точка, со која се предлагаше измени на дел од ДУП-от за Воска и тоа помеѓу советниците Дамоска од ВМРО – ДПМНЕ и Тунтев од СДСМ.
И покрај сите укажувања на јавноста, дека Охрид не заслужува да биде заложник на урбаното дивеење, охридските советници продолжуваат да изгласуваат и спорни урбанистички решенија . Прашање е дали 23-та избраници не се моќни да се справат со притисоците од различна природа, или пак во игра е и некоја лична корист која ќе ја извлечат од кревањето два прсти за донесување на урбанистичките планови. Но и не кревањето два прста “за“, на што му претходи молчење при расправата за истите, е не помал грев и е своевидно одобрување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град