Поништен конкурс за вработување, причина за инцидент во детската градинка

Настанот се случил во понеделникот попладне по состанокот на управниот одбор, кога членовите на истиот на средбата го констатирале приговорот на друга негователка по однос на конкурсот, која пак во меѓувреме го повлекла истиот.

 |  Татјана Маленкова  | 
gradinka
gradinka

Настанот се случил во понеделникот попладне по состанокот на управниот одбор, кога членовите на истиот на средбата го констатирале приговорот на друга негователка по однос на конкурсот, која пак во меѓувреме го повлекла истиот. Директорката на Јавната образовна установа детска гарадинака Јасна Ристевска, Марина Петровска не сакаше многу да зборува за настанот и во телефонскиот разговор само кажа дека се се случило кога таа не била наработа.
Инаку во инцидентот најпрвин вербално, а потоа и физички била нападната правничката на градинката и тоа од сопругот и братот на негувателка на градинката која требало да биде вработена во институцијата пред да се поништи кункурсот.
Незадоволната од долуката на трудовата инспекција на помош ги повикала сопругот и братот кои најпрвин побарале одговори од правничката, а потоа покажале и сила. Страстите се смириле откако била повикана полиција.
Од таму го потврдуваат настанот, но тврдат дека според исказите кои тие ги имаат дека немало физички напад.
Портпаролот на Свр Охрид потврди дека околу 15:30 часот во СВР Охрид било пријавено неовластено влегување на две лица од Охрид во детската градинка, кои на вработената со договор на дело се обиделе да и одземат документи поврзани со конкурс за вработување.
„Во СВР Охрид е пријавено загрозување на сигурноста и од наша страна веднаш е излезено на лице место, констатирани се околностите под кои се случил овој настан по што е земен записник за пријава на овие две лица, вели портпаролот Димоски.
„Нема никакво кршење на инвентар, нема физички контакт помеѓу лицата инволвирани во настанот, тврди Димоски.
Сепак извор за ТВ М вели дека караницата траела подолго време, а веднаш штом преминала во физичка пресметка вработените ја повикале полицијата на помош. Неофицијално тепаната по инцидентот побарала и медицинска помош.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top