Се градат стамбени згради со станови за сечиј џеб. Ова е најава на екс пратеникот на собранието на Р.М Цветко Грозданов, кој веќе цели шест месеци директорува со Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Грозданов потенцира дека целта на А.Д. кое е под капата на Владата, да не дозволи цените на пазарот драстично да порастат. Додава, дека се тежнее кон замислата, секој граѓанин да може достојно да си го реши станбеното прашање. Но фактичката состојба е сосоема поинаква. Не е иста цената на стан во Скопје и Охрид, со останатите градови од земјава. Грозданов со свое образложение кон ова гледиште.
„Работам со граѓаните и во директен контакт ги решаваме проблемите кои што настанале во минатиот период со цел да нема такви проблеми во иднина“, изјави за ТВМ Грозданов. Додава дека секоја функција која е во интерес на граѓаните мора да се оправда.
Грозданов во име на А.Д. за стопанисување со станбен и деловен простор, во делот на зацртаната програма на Владата, за иднина најави изградба на повеќе станбени единици за социјално ранливите категории на луѓе, за млади брачни парови, како и за деца без родители. Тоа би се реализирало со реинвестиција на средства, кои пак ќе произлезат од заработката на програмата за изградба на комерцијални станови кои ќе се градат во земјава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град