Според Димитриески лицето кое ќе биде избрано за оваа функција треба во иднина поцврсто да ги претставува нивните интереси. Не би сакал да ја критикувам работата на поранешниот претседател, кој е познат занаетчија, но треба да извлечеме поуки и да бидеме поорганизирани, вели Димитриески.
Димитриески укажува дека занаетчиите работат во многу тешко време, во рецесија. Од заработувачката не им останува за нивна презентација со своиет занаети во земјава или надвор. Неорганизирани и без стартегија не може ни да бараат пари од фондовите. Со добра организација и програма може да издигнеме како фактор кој може да бара поддршка од локалната и централната власт. На занаетчиската Комора и е потребна личност која нема да е само на парче хартија, туку кои ќе се залага и ќе извлече поуки од досегашните грешки и ќе се штитат интересите на сите, а не личните, нагласува Димитриески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град