Нема пари за нафта. Поради тоа оваа грејна сезона Основните училишта во Струга, сеуште не се обезбедиле со овој дериват. Директорката на О.У. „Јосип Броз Тито“, Ана Столеска, рече дека се чекало да заврши тендерот кој го спроведува Локалната за избор на компанија од која треба да се набави нафтата. Таа очекува најдоцна до понеделник училиштето да се обезбеди со нафта, бидејќи денес ја направиле нарачката. Според извори блиски на ТВМ, за надминување на проблемот се заложил Ѓорги Арсов од државниот просветен инспекторат, кој вчера лично го посетил ова училиште со цел да ја увиди фактичката состојба. Тој рекол дека ќе бидат во контакт со директорката на училиштето додека не се реши проблемот.
Пред еден месец за овој проблем реагирал инспекторот за обвразование на територијата на општина Струга, Митре Шуминоски. Тој за ТВМ изјави, дека пред неколку дена до градоначалникот Рамиз Мерко доставил допис со забелешки за недостатоците и за проблемите со кои се соочува образовниот процес во градот, меѓу кои е и проблемот со огревот. Советникот за образование при Локалната самоуправа на Струга, Џеми Хајредини, рече дека решавањето на овој проблем е во тек. Тој појасни дека состојбата е таква поради големите долгови кои ги имаат кон фирмите што ги снабдуваат со нафта, но и поради намалените наменски средства кои и следуваат на општината од Министреството за образование. Додаде, дека ги преземаат сите мерки кои се во нивна надлежност за да се реши проблемот.
Хајредини верува дека со разговорите што досега се водени со релевантните фактори во образованието на државно ниво, состојбата ќе се надмине. Тој укажа и на тоа дека сите училишта се во иста или слична состојба, само оние што имаат мала залиха се покажале како добри домаќини.
Советникот за образование Хајредини, има решение и во случај Министерството за образование да не одговори позитивно на нивните реални потреби за зголемување на наменските средства. Хајредини категоричен дека во ниту еден случај нема да се остават децата кои го посетуваат образовниот процес на подрачјето на општина Струга, наместо да учат да замрзнуваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град