Стопанска Банка АД Скопје – Супербренд во Македонија

Своето седумдецениско постоење, една од најстарите македонски банки, го заокружи со ова престижно признание. Најдобар доказ за успехот, плејадата задоволни клиенти.

 |  Крсте Голабовски  | 
stopanska banka
stopanska banka

koktelТри вистински причини за прослава. Стопанска Банка –АД –Скопје пред 15 години, во ноември месец, за прв пат во РМ, ја воведе првата платежна картичка. Пред 10 години оваа банка ја промовира и првата меѓународна ВИЗА платежна картичка, за да во ноември оваа година, Стопанска банка е прогласена за Супер бренд за 2011 и 2012 година од страна на клиентите. Во време кога светот го тресат финансиски кризи, ваквиот континуиран успех не е случајност, вели генералниот директор на оваа банка, Глигор Бишев.
„Тоа е макотрпна работа и се разбира суштинска посветеност на нашето лого „На ваша страна“. Значи тоа е не е само мото кое формално го кажуваме, туку мото зад кое суштински стоиме, така да се трудиме и наша трајна определба и обврска е да на нашите клиенти и партнери им понудиме најквалитетни и ефикасни услуги“ објаснува Бишев.
BishevУспехот на една компанија секогаш е базиран на довербата која ја ужива кај своите клиенти, задоволството од квалитетот на услугата, иновативноста во работењето и воведувањето на прогресивни производи и услуги кои задоволуваат разновидни потреби на клиентите. „Летра дизајн“ охридската фирма која егзистира 20 години, исто толку години е и верен сопатник на „Стопанска Банка“, вели директорот Зоран Вељаниски и додава дека ова партнерство ќе трае и понатаму.
„Оваа банка не прати во нашите инвестиции, меѓутоа со нас влегува во ризикот исто како што ние влегуваме ризично во било кој бизнис. Значи сите кредити и помош кои ги добиваме од банката и таа влегува во сиот тој ризик, така да на некој начин го делиме ризикот. Тоа е исто како да имаш некој партнер кој ќе ти биде инвеститор и ќе ти помогне во бизнисот или акционер и на крај на годината да му доделиш дивиденда, во овој случај делиш камата“ вели Вељаноски.
Благодарение на сите овие придобивки, клиентите и соработниците ја прогласија Стопанска банка АД – Скопје за Супербренд во Македонија. Во знак на благодарност за признанието, Банката за сите корисници на платежни картички организира голема наградна игра која трае од 15.11.2011-15.02.2012. Наградната игра „Со картичка до милион“ е одлична прилика да се искористи празничниот период на зголемен шопинг за добивање на бројни вредни парични награди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top