Во неделата за борба против гладта, Црвениот крст ќе подели хуманитарни пакети, а по повод трагичната смрт на Тоше Проевски организира хепенинг.
Во неделата за борба против гладта, Црвениот крст ќе подели хуманитарни пакети, а по повод трагичната смрт на Тоше Проевски организира хепенинг.
Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат поделени на гладните во Охрид. Црвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов барем на кратко, на загрозените семејства ќе им го решат овој голем материјален проблен. На овој начин Црвениот крст ќе ја одбележи неделата на гладните која започнува од утре. Во акцијата масовно се вклучија и учениците од основните училишта од градов како и оние од детските градинки, вели Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст.
Утре се навршува една година од трагичната смрт на Тоше Проески. Неговото значење беше огромно како во светот на музиката така и во светот на хуманоста. Црвениот крст по тој повод на градскиот плоштад организира хепенинг на кој децата ќе изведуваат песни од нашиот Тоше, а ќе има и изложба на нивни ликовни творби во кои доминира неговиот лик. Децата направија и симболични пакетчиња за сите нивни соученици чии родители имаат пониски примања.
Во текот на неделата на гладните активистите на Црвениот крст ќе продаваат шољи за чај чија цена е 150 ден и бончиња со вредност од 20 ден. И овие средства ќе бидат наменети за купување прехрамбени продукти за социјалните случаи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град