Ограбена црквата св.Никола во Радожда

Засега непознати сторители, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец, извршиле кривично дело „Тешка кражба „во црквата „Св.Никола„ во селото Радожда.

 |   | 
Sv Nikola
Sv Nikola

Засега непознати сторители, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец, извршиле кривично дело „Тешка кражба „во црквата „Св.Никола„ во селото Радожда.
Непознатите сторители на овој вандалски чин, насилно влегле во црквата  „Св.Никола„ и против-правно одзеле 12 икони кои потекнуваат од 19 век како и еден сребрен крст со постолје. Материјалната штета, на бесправно однесените икони, кои се дел од културно-историското наследство, изнесува 1.800.ооо денари.
Сторителите, со подесен алат, го скршиле цилиндарот од бравата на влезната врата, обивајки ја со употреба на физичка сила. Потоа, низ трпезариската просторија, преку незаклучената врата, влегле во внатрешноста на црквата од каде, од престолот ги одзеле 12-те иконите кои претставуваат ликови на повеќе апостоли.
Истата вечер, во пештерската црква „Св.Архангел Михаил„ во Радожда, сторено е кривично дело „Тешка кражба во обид„. Сторителите на ова дело, со употреба на алат и со физичка сила, насилно делувале врз цилиндарот од влезната врата на црквата и влегувајќи во внатрешноста, извршиле пребарување на црковните простории. Неодземајќи ништо, тие брзо ја напуштиле црквата.
Полициската станица од Струга, со повеќе оперативни мерки, веќе отпочна да работи на реализација на овие казнени дела.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top