Дали следното лето не очекува најспектакуларниот трансфер во историјата?
Дали следното лето не очекува најспектакуларниот трансфер во историјата?
Според информациите кои доаѓаат од Грција, следното лето би можело да се случи Коби Брајант да заигра во Европа. Најдобриот кошаркар, триесетгодишната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерси Коби Брајант следната сезона би можел да игра во Евроа. Оваа бомбастична вест доаѓа од грчки извори, а авторот на понудата која дури ни Коби нема да може да ја одбие, би требало да биде на пребогатите браќа Ангелопулос.
Имено, Олимпијакос наводно за Коби подготвува понуда во висина од 60 милиони долари за тригодишен договор и тоа нето, договор. Што значи дека грчкиот клуб би можел да ги преземе на себе сите дополнителни трошоци, кои би ги имала американската ѕвезда за време на тригодишниот престој во Атина. Вклучително, користење јахти, автомобили, излегувања, апсолутно, се. Единствено што Коби ќе мора да прави е да игра и да ги става парите на купче.
Во летот 2009, Коби ќе биде слободен играч, освен ако не го продолжи договорот со Лејкерси, кои му нудат договор од 23 милиони долари, бруто, бројка која реално без даноците би изнесувала 10 милиони долари. Коби претходно пројави интерес за играње во Европа, зошто и неговиот татко играл во Италија, асе знае и дека Коби е акционер на К.К. Милано.
Сопствениците на пирејскиот Олимпијакос се решени да направат од грчкиот клуб најдобар европски кошаркарски клуб и најдобар клуб надвор од НБА лигата. А кога имате доволно пари, ваквата идеа воопшто не изгледа мазохистичка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град