Повеќе или помлаку, подготвени

Македонската фудбалска репрезентацја, без петте најсилни играчи на претстојниот пријателски натпревар со репрезентацијата на Албанија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Toshak
Toshak

Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи во ослабен состав на пријателскиот натпревар во вторник, против репрезентацијата на Албанија. Селекторот Џон Тошак информира дека е разочарувачки што повторно недостигаат пет важни играчи, Новески, Попов, и секако Пандев кој одиграл само еден натпревар откако на чело на репрезентацијата е Тошак. Селекторот се надева дека  Ибраими ќе им се приклучи во недела за натпреварот. Стратегијата со која ќе настапат ке се знае еден ден пред натпреварот, открива селекторот Тошак.

„ Покрај овие пет играчи кои недостасуваат и се под знак прашалник, има и пет нови играчи кои ќе ги следам на тренинг и тогаш во понеделник со која стратегија ќе настапиме против селекцијата на Албанија“ вели слекторот.

Ова ќе биде добра  шанса да ги разгледаме и другите играчи, но како што реков за мене е разочарувачки што повторно ќе играме без пет важни играчи, што прави да биде многу тешко, додава Тошак. Селекторот задоволен од моменталната работна атмосфера во редовите на репрезентацијата.

trening„Што се однесува до останатите играчи кои учествуваат на тренинзите, работат многу добро, тие работат добро, атмосферата е многу добра, меѓутоа како селектор кој сака да ги има најдобриот тим навистина е штета што не може да ги види овие пет играчи од кои четворица со исклучок на еден играат и во европските фидбалски купови стандардно,“ кажува Тошак.

Тошак има свој план околу распоредот на натпреварите кој сака да го задржи за себе она што е важно е дека сака да ги земе во предвид долгите патувања кои репрезентативците кои го имаат пред играњето на натпревари. Имено се случува да дојдат со задоцнување па додека се прилагодат, времето за подготовки станува многу кратко. Тешко е да се направи договор,  вели Тошак секоја репрезентација си има свои желби и планови како да го направи распоредот, па навистина не очекува да се постигне некој поволен договор за Македонската репрезентација. Селекторот изјави и дека Не се чувствува многу пријатно кога се снимаат сите тренинзи, кога има многу камери, па така на тренингот пред натпреварот ќе дозволи да се снима 10-15 минути, додека на другите тренинзи не.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top