Елитен хотел, да или не?

Усилбите да се донесе еден од светските хотелски брендови во Охрид, никако да вродат со плод.

 |  Крсте Голабовски  | 
concierge
concierge

GoricaНикако да се реализира идејата за носење на барем еден од светските хотелски брендови во Охрид. Колку ваквата инвестиција е остварлива и дали истата би била еден вид адреналинска инекција за македонскиот туризам, останува како прашање околу кое експертите во туризмот сеуште со спротивставени мислења. Верица Хајба, претседателката на Комисијата за ЛЕР при Општина Охрид, вели дека за самиот влез на ваков вид инвестција, кај нас сеуште нема услови.

„Усилбите неколку години наназад, веќе помина и деценија, да се донеси еден брендиран хотел и недоаѓањето ни е еден индикатор дека не само локалната самоуправа, туку и државната власт треба нешто повеќе да направат за развој на Охрид како наш познат брендиран туристички центар. Со ваква инфраструктура каква имаме за жал треба да знаеме и да бидеме свесни дека брендираните хотели нема да бидат заинтересирани уште долго време да доаѓаат и да инвестираат во Охрид.“, вели Хајба.

Хајба додава дека неколку хотелски брендирани имиња веќе биле заинтересирани за Охрид, меѓутоа, кога ја виделе патната инфраструктура околу Охрид, се откажале. Хајба потенцира дека сега веќе е и дискутабилно колку ваков хотел е воопшто потребен тука?

Hajba„Нас не ни требаат големи индустриски хотелски капацитети, Охрид си има своја убавина и на луѓето му е здосадено од огромни хотелски објекти. Ние имаме голем број хотелски капацитети и не би одела на некои големи брендови затоа што сепак ние сме туристички центар кој не живее од масовен туризам и треба да знаеме дека масовниот туризам не е веќе толку популарен, луѓето сакаат мир тишина, враќање и сплотување со природата“, потенцира Хајба.

Вања Стефкофска од Туристичка комора на Македонија пак, со став дека секоја инвестиција е добра. Дали таа ќе биде за изградба на објект на некое светско хотелско име или за развој на руралниот туризам, не е толку важно. Проблемот се јавува кога нема воопшто инвестиции.

„Добро е да имаме инвестиции, ние можеме да кажеме дури дека нема да имаме толку туристи, меѓутоа тоа навистина не е точно. Секоја инвестиција во туризмот е добра инвестиција. Не постои лоша инвестиција. Дали тоа ќе биде во хотел кој ќе биде еден од ланците светски или ќе биде во руралниот туризам тоа е добро“ вели Стефкоска.

Стефкоска додава дека  е императив да се направи претходно анализа која ќе покаже, дали ние имаме прво комплетно регулирани стандарди или немаме. Тоа што не ни е регулирано да го регулираме, па после тоа да видиме дали еден хотел со 4-5 ѕвездички треба или не да се гради. Заеднички е ставот дека кај нас најдобри услови постојат за развивање на руралниот и алтернативните форми на туризам, кои пак создаваат услови за самовработување на солиден дел од населението.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top