Синдикатот на НБА играчите пред распад!

Како што стојат работите по најновиот развој на настаните, одброени му се деновите на синдикатот на НБА играчите кои од први Јули стапија во штрајк, на тој начин предизвикувајќи го фамозниот „локаут“.

 |   | 
nba
nba

Како што стојат работите по најновиот развој на настаните, одброени му се деновите на синдикатот на НБА играчите кои од први Јули стапија во штрајк, на тој начин предизвикувајќи го фамозниот „локаут“. Имено според изјавите на неименуван извор, вкупно 50 играчи најавиле дека ќе го напуштат здружението, доколку на наредната рунда од преговорите со сопствениците на клубовите, не биде постигнат никаков напредок.
nba
Играчите се огорчени затоа што комесарот на лигата веќе го откажа целосниот натпреварувачки распоред што беше предвиден за Ноември. Се поголем е бројот на кошаркари кои што се сомневаат во способностите на своите претставници, и кои попрво би се вратиле на терените, одошто да продолжат да штрајкуваат. На крајот на краиштата, она што најдобро знаат и умеат да го прават, е играњето кошарка и тоа во најквалитетната лига на светот, наместо водењето математики на преговарачките маси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top