Стружанец заработи најмногу во 2010

Ланската месечна плата на анонимниот стружанец била 200 илјади евра (2,4 мил. евра годишна).

 |   | 
ujp
ujp

Ланската месечна плата на анонимниот стружанец била 200 илјади евра (2,4 мил. евра годишна). И на втората и на третата позиција, според најголемата заработувачка, лани биле скопјани со пријавена годишна плата од приближно 2 милиона евра. А, на последната позиција е тетовецот со 970 илјади евра
ujp
Најголемата заработувачка минатата година изнесува 148.810.733 денари и е пријавена од жител од Струга кој се занимава со менаџирање.  По него, како што информираа на прес-конференција во Управата за јавни приходи следи жител од Скопје со 141.612.219 денари,а во првите десет покрај скопјани има и еден тетовец со пријавен приход од 58.952.994 денари.
Најголемите приходи граѓаните ги остварувариле од капитална добивка, освен жителот од Струга (фармацевски менаџер) кој го оствари најголемиот годишен бруто приход.

„Имиња не обелоденуваме. Ние не сме „Форбс“. Вие бидете „Форбс“ , па истражете кое е тоа лице и објавете“, им порача на новинарите директорот на УЈП, Горан Трајковски на вчерашната прес-конференција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top