Охриѓани се потпишуваат за спас на липите

Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид беше поставен пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани.

 |  Татјана Маленкова  | 
potpisi
potpisi

potpisiВо организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид беше поставен пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот.

na facebook„Целата акција потекна кога започна сечењето на липите. Супер радио како медиум не го оспорува проектот процес затоа што сето тоа помина низ сите законски рамки низ кои требаше да помине“, вели главниот и одговорен уредник на Супер радио – Сашо Митаноски. Нашиот став е да застанеме да резонираме уште еднаш, додава тој.

Митаноски признава дека во прово се одговорните кога прашуваат зошто грааѓаните не реагирале наврема. Тој објаснува зошто се доцни со реакцијата.

„Ние бараме односно не сакаме да го дефинираме, повеќе нека биде како молба до организаторите во акцијата по било кој основ, да застанеме овде каде што сме, да не се продолжува понатаму во овој момент и да се свика јавна дебата. Да поканиме постручни од сите нас, еколози, агрономи, луѓе кои точно ја разбираат оваа проблематика. Да направиме јавна расправа која може дабиде и медиумска. Можеби некој има подобро решение“, вели главениот и одговорен уредник на Супер радио, Сашо Митаноски.

„Нашиот став е да застанеме да резонираме уште еднаш. Несмее да се спротиставуваме на гласот на јавноста. Да се сечат дрвја стари  30 – 40 години за мене лично е грев“, додава уредникот на Супер радио.

potpisiИнаку на медиумското и граѓанско обвинување дека со сечењето на липите се уништува градското зеленило, вчера се огласи првиот човек на ЈП Охридски Комуналец, Сашо Алче. Тој цврсто стои на ставот дека стеблата на липите на сите улици треба да се исечат и да се заменат со нови садници. Потенцираше дека липите се потенцијлана бомаба за граѓаните.

„ Акцијата ја започнавме оној момент кога видовме што се случува пред нас. За мене бешо логично барем да се покрене иницијатива. Ние сакаме да го видиме пулсот на народот, како размислува. Ако пулсот на народот може да го испитаме преку facebook групата тоша според коментарите некои луѓе треба сериозно да се загрижат за тоа“, вели Алче.

Митаноски е категоричен дека акцијата за Спас на Липите е чисто граѓанска иницијатива во која нема место за политика.
Собраните потписи ќе бидат доставени до одговорните во локалната самоуправа, како јасна порака за волјата на граѓаните.
Инаку според најавите по сечењето на липите на ул Димитар Влахов, следни се дрворедите на Партизанска и Македоснки Просветители.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top