Комесарот на НБА лигата изјави денес дека постои можност да во наредните три години некои од официјалните натпревари бидат одиграни во Европа.
Комесарот на НБА лигата изјави денес дека постои можност да во наредните три години некои од официјалните натпревари бидат одиграни во Европа.
“Иако сеуште немаме јасен план во врска со ова, предложено ни е наредните три сезони да организираме натпревари од регуларниот дел на НБА лигата, во Европа. Реално е да барем еден натпревар биде одигран на тој континент“, изјави Штерн кој моментално живее во Лондон.
Вчера во Лондон пријателски натпревар одиграа екипите на Мајами и Њу Џерси. Најдобриот играч од Мајами, Двејн Вејд изјави дека, „уживав во енергијата која публиката ја испраќаше од трибините“.
„Кога се наоѓаш на почетокот на кариерата, не размислуваш за тоа како еден ден можеш да постанеш познат во целиот свет. Тоа е прекраасно чувство“, изјави Вејд.
Првиот НБА натпревар надвор од САД е одигран во 1991 година во Токио.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град