Еден од проблемите со кои се соочува медијаторството во земјава е тоа што како концепт тоа е слабо промовирано од страна на самите медијатори, но и самите граѓани не знаат за што станува збор и кои се бенефитите кои тоа ги носи.
„Корисноста е пред се токму на граѓаните кои што имаат спор. Зошто најголема корисноста? Токму од тој што велите за жал финансиски аспект. Значи медијаторската постапка е ограничена на максимум 45 дена, што не значи дека ние ќе имаме ангажман токму 45 дена. Медијациските постапки можат да завршат и за два и три часа, а таа цена за награда на медијаторот според законот е симболична, дури смешна, 15 евра по час.“-вели М-р Васил Ристески, медијатор.
Магистер Ристески додава дека покрај финансискиот бенефит за граѓаните, кои за медијација плаќаат многу помалку отколку за поведување на судска постапка, има и етички аспект на медијацијата. Ристески вели секоја правно завршена постапка не значи и правично завршена постапка. Кај медијацијата, не може да има неправичност бидејќи резултатот и епилогот е спогодба која е израз на волјата на двете засегнати страни. Имено самата медијација претставува постапка која започнува пред поведување на судската постапка во која трето независно лице посредува помеѓу двете засегнати странки и помага да се реши спорот без да се поведува судска постапка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град