Регионален семинар на УНАСМ. Флексисигурен пазар на трудот е годинашнава топ тема на македонските синдикалци, кои три дена во хотелот „Климетица“, ќе разменат искуства со земјите од ЕУ. Благоја Ивановски од УНАСМ од Охрид, вели дека предавањата на овој регионален семинар во периодот што следува ќе им бидат од посебна корист бидејќи целта е да се задржат работните места, а работниците постојано да се надоградуваат.
Иваноски потенцира дека уште на почетокот од презентацијата на искуствата од експертите од ЕУ, може да направи компарација кој модел на флексисигурност е покорисен.
Јулија Рик експерт на ЕЗА рече дека сака да ги пренесе искуствата на европската унија како и истражувањата кои ги имала ЕЗА. Таа додаде дека исто така сакала да ги презентира најдобрите практики, што другите синдикалисти мислат на темата флексигурити.
Европските експерти сметаат дека соработката со македонските синдикати е многу важна, затоа што можат да се разменат искуства и да се добијат знаења за тоа каква е ситуацијата тука, а воедно да се сфати и комплексноста на проблемот. Инаку, под поимот флексисигурност се подразбира политичка стратегија која настојува, синхронизирано и на доброволен начин, да го унапреди флексибилниот пазар на труд, организација при работата и работните односи од една, и да осигура сигурност-сигурност при вработувањето и социјална сигурност, особено за послабите групи и оние надвор од пазарот на труд, од друга страна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град