Започна реализацијата на проектот за реконструкција на дрворедите низ градов. Станува збор за реализација на иницијативата на Локалната самоуправа од Охрид, со која старите неколку децениски стебла ќе бидат заменети со нови садници со што во голема мерка ќе се подобри сликата на градското зеленило. Причини поради кои од Локалната го започнаа овој проект се разните деформации на јавните површини, причинето од страна на големите стари стебла, како и проблемите предизвикани од нивните корени на водоводно канализационата мрежа во градот.
На реализацијата на проектот му претходеше и јавна расправа за екологијата и преземањето на конкретни чекори за подобрување на состојбата во градот со зеленилото на која присуствуваа експерти од охридските еколошки друштва. Од локалната информираа дека предвидено е да се отстранат вкупно 53 садници липа од оваа улица, на чие место ќе бидат засадени нови 80 садници Лигуструм Јапоникум.
[loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град