Роси: „Го убив својот најдобар пријател“

Мотоспортот се уште не може да се закрепне од трагичната смрт на Марко Симончели, кој вчера наутро загина на патеката „Сепанг“.

 |   | 
Marco Simoncelli
Marco Simoncelli

Мотоспортот се уште не може да се закрепне од трагичната смрт на Марко Симончели, кој вчера наутро загина на патеката „Сепанг“. Шесткратниот светски првак во Мото ГП, Валентино Роси најави повлекување од спортот откако директно беше вмешан во несреќата и смртта на младиот 24-годишен мотоциклист. „Го убив својот најдобар пријател. Повеќе нема да се натпреварувам“, му најавил Роси на својот тимски менаџер. Едвардс и Роси го прегазија Симончели на вчерашната трка за Големата награда на Малезија откако младиот Италијанец падна од моторциклот.
Marco Simoncelli
Експертите велат дека Едвардс и Роси во никој случај не можеле да го избегнат Симончели, бидејќи во свиокот влегле со огромна брзина. Фатален за Италијанецот бил падот на Едвардс, чиј моторцикл со предното тркало поминал врз главата и вратот на Симончели.

Marco Simoncelli brojИталијанецот важеше за еден од возачите, кои најмногу ризикува и затоа не беше најомилениот лик помеѓу неговите колеги. Често и оваа сезона дел од возачите знаеја да упатат остри критики кон Симончели за неговиот стил на возење, кој ги доведувал во опасност сите на патеката. Сепак никој не може да ја заборави неговата уникатна фризура и широка насмевка. Дали изјавата на Роси е само поради наливот на емоции или еден од најдобрите возачи на сите времиња навистина ќе се повлече од спортот останува да видиме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top