Вчера инспекторите при координативното тело за заштита на електронска сопственост при Владата на Република Македонија остварија организирана акција во Охрид. Инспекторите утврдија неправилности кај телевизиите „Алтрасат“ и Инфел“. Од страна на МВР се одземени четири ресивери во Алтрасат 2000 и од страна на Министерството за култура ќе биде поднесена пријава согласно Законот за употреба на Македонскиот јазик. Управата за јавни приходи изрече глоба во висина од 4 300 евра. Во Иифел ќе има пријава од Министерството за култура за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик. Во БК ТВ која е во фаза на формирање не се констатирани неправилности, изјави Костов.
Исто така кај голем број на нотари не бил присутен легален лиценциран софтвер на нивните компјутери.
– Исконтролиравме шест субјекти, односно нотари, а кај двајца се одземени компјутери и ќе бидат поднесени кривични пријави. Од страна на УЈП им е изречена глоба во висина од по 500 евра, појасни Костов.
Истиот ден инспекторите во Охрид од една тезга одзеле 300 пара на фалсификувани очила за сонце.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град