Се поголем интересот за револуционерната АБР терапија

Оваа сабота, повторно јавна презентација на техниката, како и на резулатите од нејзината примена.

 |  Крсте Голабоски  | 
abr
abr

abrАБР Револуционерната рехабилитациона терапија, полека го наоѓа своето место меѓу пациентите. Овој современ метод на рехабилитација, кој пред една година срамежливо беше претставен кај нас, со своите неоспорливи резултати, ја стекнува довербата и кај пациентите и кај нивните родители. Криста Биненс од Белгија која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката, повторно во Охрид како  дел од тимот кој ќе зборува за трајноста на резултатите од оваа терапија.

„Никогаш не се привремени резултатите. Можете да ги постигнете дури и со возрасни. И со нив има добри резултати. Секако дека колку помлади започнат, толку поголеми ќе бидат и резултатите и зависи и во која сосотјба бил пациентот кога сте започнале.Но како и да е, штом работите секој ден, по еден час, за три месеци дефинитивно ќе има резулатати“, објаснува Биненс.

BinensБиненс потенцира дека терапијата воопшто не е опасна, се работи со меки тела, форми и единствено што може да очекувате се знаци на трајно подобрување. Биненс објаснува дека тоа е целосно различна терапија од познатите терапии за рехабилитација. Поголемиот број терапии, работат површински, само на мускулите, а ние имаме терапија која во целост ќе го промени телото. Ги јакне слабостите на телото од внатре.   
Весна Гашоска –Габелеска , охриѓанката која слободно може да се каже ја направи попристапна АБР техниката за сите во Македонија, , вели дека овој рехабилитационен метод е добар  за родители кои не се задоволни од состојбата во која се наоѓа нивното дете, за оние родители кои сакаат да го ослободат сопственото  детето од оклопот во кој тоа е заробено.

„ Резултати значи има кај сите деца, сите што работаат, добиваат подобрувања. Сега последно имавме едно детенце со неверојатно брзи резултати и прооде за шест месеци. Меѓутоа тоа не се случува со сите деца. Абр не дава магични резулатати, меѓутоа сите имаат подобрувања“, вели Гашоска Габелеска.

Норвешка, Данска, Холандија се само некои од земјите кои веќе ја признаваат оваа рехабилитациона техника и резултатите од неа. Кај нас борбата е секјдневна, но расне и бројот на заинтересираниите претставници од медицинската фела, како физијатрите, вели Гашоска -Габелеска. Така кај нас се јавуваат пациенти не само од Македонија, туку и од земјите од регионов. АБР техниката нуди решение за поширок спектар и може да се применува за лица со мозочна повреда или некаква девијација на мозокот, состојби како што се, церебрална парализа, проблеми со говор, аутизам, хиперактивност, микроцефалии, спазми, даунов синдром, епилепсија, повреди на глава, мозочен удар,сколиози ,рет синдром, предвремено родени бебиња ,како и кај оштетувања предизвикани од вакцина. На 22 ри овој месец во Хотелот Ројал Вју, во 19ч ќе се одржи јавна презентација на АБР терапијата, каде покрај гостите од Белгија, ќе бидат присутни и родители од Македонија кои веќе ја применуваат од 2009 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top