Одлична можност за невработените жени од Струга

Локалната агенција за развој од Струга преку разни наменски  обуки, студиски патувања и прекугранични средби, ќе ги јакне капацитетите на жените за вработување.

 |  Крсте Голабоски  | 
vrabotuvanje
vrabotuvanje

Денес претставници од „Синергија плус“, агенцијата за финансиска писменост учесничките ги запознаваа со начините, како подобро да се менаџира со финансиите.Односно како откако ќе ја пронајдат работата, да се менаџираат приходите кои ќе се стекнат, зошто денес не е доволно само да имаш приходи треба да се знае што да се прави со нив, вели Коста Мицкоски – генерален менаџер на. „Синергија плус“.

„Сето тоа би требало да претставува еден коктел на корисна практична применлива обука која посетителките ќе можат да ја искористат лично за себе и со истото да си ја надградат, личната и семејната благосостојба“, објаснува Мицкоски.

Активностите од овој проект исто така ќе придонесат за зајакнување на прекуграничната соработка на три нивоа. Првото ниво е соработка меѓу граѓанските организации. Второто ниво е воспоставување на соработка дирекнопомеѓу жените – учеснички. Третото ниво е институционално ниво ќе постигнеме соработка помеѓу претставниците од јавните институции во двата  града Струга и Поградец. Проектот е финансиран од ЕУ и подржан од програмата за регионален развој, на РМ во име на германското федерално министерство за економска соработка и развој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top