Двајца директори на охридските основни училишта поднесоа оставка. Ова се случи на само неколку дена пред истекот на мандатот на директорите во О.У. „Христо Узунов“, „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Св. Климент Охридски“. Деновиве темата околу изборот на директорските позиции во основните училишта е се поактуелна, но и поинтригантна. Многу имиња се испреплетија како можни кандидати за да седнат во директорските фотељи, но ако по утрото се познава денот по се изгледа училиштата ќе имаат старо нови директори. Петрески изнајде модел за да ги зачува според него најуспешните тимови во основното образование, како евентуално не би се направил некаков пропуст.
– Oд тие причини мојата интенција ќе биде екипата да се задржи и да работи како што треба. Доколку има законски пречки да не бидат истите директори јас ќе постапам согласно законот и нема да го кршам, но доколку има можност да ја задржам екипата ќе ја задржам, вели тој.
Петрески ја потврди нашата информација дека веќе двајца директори поднеле оставка и појасни поради што. Не ја исклучи можноста истите тие да се назаначат за В.Д. директори.
–Oставката е од лична природа а не од друго. Јас во рок од седум дена ќе одлучам дали да ја прифатам или не нивната оставка. Бидејќи се од лични причини јас ќе ги прифатам и после 4 дена ќе назначам В.Д. директори. Тие треба да ја спроведат постапката за избор на директори и прва задача ќе им биде точно тоа, вели Петерески.
Дали поднесените оставки се од лична природа на директорите како што тврди Градоначалникот, или истите се поднесени по претходни консултации со правниците, времето ќе покаже. Имено во законот стои дека доколку директорот поднесе оставка 20 дена пред истекот на вториот мандат, тој мандат се смета како нецелосен па со тоа има право на уште еден мандат. Петрески не крие дека е задоволен од работата на досегашните директори и дека не би ги менувал. Тој вели дека со досегашнава директорска постава, поминале низ сито и решето додека инфраструктурно ги решиле бројните проблеми на училиштата кои 25 години наназад се трупале, а никако да се решат. Сега на ред било да се инвестира во подобрување на наставната програма, како би се овозможило подобра едукација на децата, додава тој.
Неспорни се инвестициите во инфраструктурата на училиштата, но градоначалникот во исти кош го стави и О.У. „Братство Единство“, за кое училиште деновиве се крена голема прашина околу успешноста во менаџирањето на актуелниот директор, кој од страна на државниот образовен инспекторат беше опоменат дека постигнатите резултати во текот на школската година се на незавидно ниво, како и дека условите во ова училиште незадоволуваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град