На саемот присуствуваа претставници на Општина Охрид, хотелиери и претставници на туристички агенции од охридско- струшкиот регион.
Охрид презентиран на саемот за туризам во Нови Сад, кој се одржа од 28ми септември до 2ри Октомври. На саемот присуствуваа претставници на Општина Охрид, хотелиери и претставници на туристички агенции од охридско- струшкиот регион. Од локалната информираат дека штандот на Охрид бил еден од најпосетените и предизвикал голем интерес од страна на српските медиуми, а особено од ревијата „Туристичка призма“. Овој високотиражен весник во најновиот број објави 11 страници со прилози посветени на Охрид и неговата туристичка понуда.
Во рамки на саемот беа доделени и признанија за постигнат успех во работењето. Меѓу наградените се најде и хотел Макпетрол- Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град