Нема повеќе криење на информации

Државните институции и ЈП се должни на сите граѓани да даваат информации од јавен карактер. Ова денес беше подвлечено на обуката која ја спроведе Комисијата за слободен пристап на информациите од јавен карактер.

 |  Билјана Николоска  | 
obuka
обука

Се руши монополот на институциите. Профункционира законот за слободен пристап до информации. Институциите несмеат повеќе да ги кријат информациите од јавен карактер. Денес Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер, одржа еднодневна обука на претставници на институцииите на охридско струшкиот регион. Целта на обуката е службените лица да се оспособат и да знаат кои информации од јавен карактер да ги дадат на барателите на информациите. Законот е одличен, граѓаните добиваат, вели градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.
obukaВо сорботка со општината ја организиравме оваа обука со јасно поставена цел, вели Пеце Ташевски, претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.
Правото на граѓаните е пред се, потецира Ташевски. Тој додава дека патот по кој треба да се движат барателите на информации е строго зацртан. Пред се граѓаните одговорот треба да го добијат од службените лица на општините или во ЈП кои делуваат во рамките на Локалната и впрочем сите нејаснотии треба тука да бидат расчистени. Ташевски вели дека во спротивно има и друга мерка доколку некој отскокне.
Колку граѓаните се запознаени за тоа кои информации им се достапни и се од јавен карактер со точност неможеа да појаснат од комисијата. Ташевски вели дека сепак се работи за релативно ново право и целта на Комисијата е да го промовира тоа право кое и во Европа е ново. Комисијата постои 5 години и делува на тоа да граѓаните што повеќе се запознаат со заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер. Останува да видиме како ова ќе профункционира во пракса и дали и понатаму и граѓаните а и медиумите мака ќе мачат додека стигнат до вистинската информација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top