Ваквите антени не се радиоактивни односно не се извор на јонизирачко зрачење.
Предавателите не се извор на јонизирачко зрачење. Со ови зборови од агенцијата за радиоактивна сигурност ги одбиваат тврдењата на граѓаните, дека предавателите се штетни по нивното здравје. Директорот на агенцијата потенцира дека ваквите антени кои се поставени во близина на населено место, не се радиоактивни.
„Да ги информираме граѓаните дека нема место за паника, предавателите не се штетни по здравјето на граѓаните“–вели Румен Стаменов-директор на Агенцијата за радиоактивна сигурност.
Директорот на агенцијата на радиоактивна сигурност вели дека во Република Македонија се подготвува закон за неонизирачки извори каде спаѓаат и предавателите. Неофицијално ингеренциите за тоа ќе се на грб на министерството за здравство.
По сторијата која ТВМ постојано ја потенцира за грливиот проблем на жителите од улицата „Маршал Тито“ со спортниот предавател, се загрижија и останатите граѓани во чија близина има таква антена. Во Струга, предаватели има на неколку места во градот, но само граѓаните од горе наведената улица јавно прозбореа за можните последици од висината на кој е поставен предавателот. Бидејќи се загрижени за своето здравје бараат што поскоро да се отстрани спорниот предавател.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град