Велат времето лечи се, но постојат рани кои тешко заздравуваат. После година дена од трагичниот настан, кога на 11 септември од струен удар загинаа тројца стружани, на местото на несреќета се открива споменик. Утре со почеток во 11 часот, членовите на потесното семејство на загинатите, поточно нивните деца ќе го откријат споменикот. На споменикот покрај иницијалите на починатите, ќе биде напишана посвета од најблиските. Скулптурата е насловена како „Скалила“, и всушност тоа ќе претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината. Споменикот ќе биде поставен на струшката плажа „Галеб“, на местото на немилиот настан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град