САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО

Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето  за името, што е во најдобар интерес за двете страни, изјави американскиот секретар за одбрана, Гејтс.

 |  Тања Кувенџиска  | 
samit
samit

Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето  за името, што е во најдобар интерес за двете страни, изјави американскиот секретар за одбрана, Гејтс.

САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО, изјави на сребата со новинарите американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс. Исто како вас и ние бевме разочарани кога Македонија во Букурешт не ја доби поканата за членство во алијансата.

„Има само еден пат до членство во  НАТО, а тоа е едногласна согласност на сите членки на алијансата. Ситуацијата е компликувана и затоа треба да работиме во тој правец, а тоа не важи само за вас, туку и за другите држави“ , изјави Роберт Гејтс Секретар за одбрана на САД.

samit ministri odbranaГејтс ги охрабрува Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето  за името. Тоа е во најдобар интерес за двете страни, додаде американскиот секретар за одбрана.
Гејтс побара од Македонија да испрати воени единици во Авганистан. „ Ситуацијата во Ирак продолжува да се поправа. Затоа ве охрабрувам да размислите за испраќање ваши воени сили во Авганистан“.

На заедничката прес конференција, македонскиот Министер за одбрана, Зоран Коњановски, потенцира дека доаѓањето на Гејтс во Охрид значи силна подршка за нашата земја.
Коњановски потенцира дека Македонија ќе продолжи да работи во интерес на процесот на стабилизација и безбедност на регионот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top