Кој гради на „Видиковец“?

Индивидуална станбена зграда која се гради во стариот дел на Охрид на местото познато кај Охриѓани како Видиковец, затрупува базилика и темели од црквата Св Тројца. Жителите од ул. Климентов универзитет очајнички бараат помош од надлежните со цел да се стопира градбата на овој габаритен објект. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но реакција од никаде. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие.

 |  Татјана Маленкова  | 
zgrada
зграда

Индивидуална станбена зграда која се гради во стариот дел на Охрид на местото познато кај Охриѓани како Видиковец, затрупува базилика и темели од црквата Св Тројца. Жителите од ул. Климентов универзитет очајнички бараат помош од надлежните со цел да се стопира градбата на овој габаритен објект. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но реакција од никаде. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие.

Но, на реакциите денеска се огласи Бранко Арнаудов раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, кој потврдува дека пред неколку години сопственикот на тоа градежно земјиште побарал документација за изградба на индивидуална стамбена зграда.

„Според важечкиот урбанистички план за тој простор на тоа место е предвидено издадена му е уредна документација од страна на секторот за секторот за урбанизам и заштита а животна средина. По првосилноста на одобрението за градба кое претходно во постапка согласно законот за заштита на културното наследство беше како идеен проект на согласност во завод и музеј во Охрид, беше на заштитно конзерваторско одобрение во министерство за култура и после тоа ние издадовме одобрение за грдаба на објектот. Но при реализација на објектот сопственикот не се придржаваше на издадената техничка документција, од страна на миниството за култура и општина Охрид“, вели раководител на сектор за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој, Бранко Арнаудов.

Арнаудов додава дека локалните инспекциски служби тогаш ја стопирале градбата на објектот. Не се грдело скоро две години, за да сега и покрај судската забрана објектот се гради и тоа според тврдењето на соседите многу поголем и погаритен од планот кој бил добиен.

Arnaudov„ Сега контрола треба да си извши државниот градежен инспекторат при минстерството за транспорт и врски и министерството за култура.  Дали во продолжување на градбава на објектов отстапува  инвеститорот или не од она што му е одобрено, бидејќи надлежностотите од 08 април 2011 год. од локално ниво преминаа на државно“, додава раководителoт на сектор за урбанизам.

Арнаудов додава дека случајот со оваа градба треба добро да се разгледа, бидејќи истата е во заштитеното градско јадро сошто за неа важат поригорозни закони, поточно Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Тоа значи дека сите градби кои ќе се градат на просторот со кој се утврдени границите на старото градско јадро, се од прва категорија согласно член 57 од законот за градење, каде се врши категоризација на градбите. Овие споменични целини преминуваат во надлежност на Министерството за транспорт и врски и оваа институција е субјектот кој ги издава одобренијата за грдба за сите објекти во границата на заштитеното градско јадро.

Во интерес на вистината контактиравме и со државниот инспекторат поточно со директорот Сашо Дукоски. Тој во телефонскиот разговор истакна дека не е запознаен со случајот и побара да му испратиме подетални информации по што официјално ке не информирал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top