Во Струга нема „Инклузија на децата роми во предшколските установи“

Министерството за трд и социјална политика не го вклучи овој град во проектот за подобрување и подршка на интеграција на децата од оваа националност.

 |  Билјана Ќосеска  | 
gradinka
gradinka

Министерството за трд и социјална политика не го вклучи овој град во проектот за подобрување и подршка на интеграција на децата од оваа националност.

Струга не е вклучена во проектот „Инклузија на децата Роми во јавните предшколски установи (градинките) кој го финансира  министерствто за труд и социјална политика. На списокот на петнаесетте градови, не се вбројува и општина Струга иако реално има потреба од ваква финансиска помош, вели деректорот на градинката „8-ми Март“. Таа кажува дека причина за оваа одлука на ресорното министерство, било бидејќи во градинките немало запишани деца роми. Според статистичкиот извештај за престојот на децата во двете градиники се потврдува констатацијата на министерството, но тоа не значи дека нема интерес од страна на родителите роми, вели директорката Симонка Јаканоска.  

„Имавме еден случај кога  дојде родител ром. Сакаше да го носи детето во нашата градинака но бидејќи не била вработена, праша дали тоа е задолжително или во спротивно немала доволно финансиски средства за тоа„- раскажува  директорката Јаканоска.

gradinkaОд досегашното искуство неможам да кажам дека бројот на заинтересирани е многу голем, но сепка има родители кои сакаат своите деца да ги носат во градинка, но финансиски не се моќни, додава Јаканоски. Доколку Струга беше вклучена во проектот, Јаканоска со сигурност вели дека интересот на родителите роми, ќе биде уште поголем.

„Доколку бевме вклучени во проектот преку медиумите ќе ги известевме граѓаните, па така ќе се пријавеа заинтересираните родители“истакна  Јаканоска.

Инаку, министерството за труд и социјална политика го изготви овој проект пред се за зголемување на бројот на ромски деца кои посетуваат  детска градинка. Со тоа ќе се подобрат социјалните вештини , како и владеењето на македонскиот јазик. Инаку основна цел на проектот е подобрување на подршката на интеграцијатана ромските деца во јавните детски градинки -година пред поаѓање на подготвителна група.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top