Во стариот дел на Oхрид се гради „зграда“ над црква

Индивидуална станбена зграда во срцето на Охрид, над базилика. Објектот се гради на местото кое кај старите Охриѓани е познато како Видиковец, на улица Климентов универзитет.

 |  Татјана Маленкова  | 
zgrada
зграда

zgradaИндивидуална станбена зграда во срцето на Охрид, над базилика. Објектот се гради на местото кое кај старите Охриѓани е познато како Видиковец, на улица Климентов универзитет. Жителите од овој дел изморени од одење од врата на врата брајаќи ја правдата, се обратија до медиумите надевајќи се дека конечно надлежните ќе слушнат за нивниот проблем. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но никој не реагира. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие.

Павел Филев е еден од оние кои сака како што вели да спаси барем нешто од она што се затрупува под грандиозниот објект кој се гради.

„Имаме собрано докази за тоа дека објектот се гради нелегално. Прво се обративме до меродавните институции за градежништво при локалната самоуправа. Од таму добивме серија на документи со кои го потврдија нашето сомневање, за на крај да донесат решение за забрана за градење на тој објект“, вели Филев. Но оваа забрана не е онаа вистинската затоа што за овој тип на градби во заштитено подрачје, надлежен е државниот градежен инспекторат.

Филев додава дека прв пат таму се обратиле во 2008 год, но сеуште и по три години немаат добие никаков одговор, а градбата на објектот само привремено била запрена. За да сега повторно се гради и тоа не според првичниот план, туку многу поголема.

„ Кога продолжи објектот со градба повторно се обративме до градежниот инспекторат за градежништво еве една од копиите од 09.06.2011 год. Досега ние немаме никаков одговор од тоа свесни сме дека сите досегашни тела кои сме ги косултирала биле вон ингеренции, меѓутоа државниот инспекторат дефинитивно има ингеренции. Во меѓувреме направивме и друг обид, судско барање за привремено застанување на градбата на објектот. Судот излегол на терен и донесол заклучок дека се основани барањата на тие баратели и нареди запирање на објектот. Меѓутоа објектот и натаму се гради“, вели жител од стар дел на Охрид, Павел Филев.

Филев додава дека во мометнов се во ситуација кога очајнички бараат интервенција од инспекцисите служби на државниот инспекторат, да излезат на терен и да го запрат градењето,  а потоа според документацијата се да се разрешува.

И останатите соседи бараат како што велат правдата да излези на виделина. Велат зошто и за овој објект не важат истите правила за градба како за сите останати.

„ Во суштина за Охрид како град на Унеско е страмно вакво нешто. Туристите кои секојдневно поминуваат ѕиркаат да видат што се прави, а се прави над црква зграда. Сигурно ќе оди со повеќе спратови. Понекогаш се обидуваме да исконтактираме со изведувачите. Газдата не се ни појавува, не игнорираат. Сигурно се прави нешто друго, отколку што е планирано. Спрема старите жиели кои раскажуваат, овде на ова место немало никогаш никаков објект во кој живееле луѓе“, вели Благородна Јосифоска.

„Јас години живеев во Шведска. Кога се одлучивма да купиме куќа во Охрид, ни требаа 10 години за да добиеме дозвола за градба, а за тоа време секојдневно доаѓаа инспекциски служби кои го испитуваа теренот“, вели госпоѓа Стојна Бринк валл. Таа додава дека е многу запрепастена од тоа што се затвора не само целата нејзина куќа, туку и погледот на горно кале. Прашува зошто за новите комшии не важат законите кои важеа и за неа, но и сите останати.

Жителите од ул. Климентов Универзитет бараат инспекциските служби да имаат во предвид дека овој објект се гради во заштитено подрачје, место каде владеат поригорозни закони за грдба, поточно посебен закон „Закон за Охрид“.

Се чудат зошто не реагираат и од управата за заштита на културно наседство кога со новиот објект се затрупува базилика, поточно темелите од црквата св. Тројца.

Валат не се откажуваат, туку и понатаму ќе ја бараат правдата. Следна дестинација каде ќе се обратат е јавниот правобраните.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top