Сезоната не е готова за хотел „Бисер“

Хотел „Бисер“, Струга се оправда сезонава. Рестартирањето на овој хотелски комплекс значи многу за туризмот во Струга. Ценовната политика и акциите со кои ги разбудивме туристичките агенции годинава, многу допринесоа хотелот да ги исполни нашите очекувања, вели маркетинг менаџерот на хотелот Татјана Огненовска.

 |  Билјана Николоска  | 
hotel
хотел

Турбо сезона за хотел „Бисер“, Струга. Менаџерите тријат раце од солидната заработка. Посебно изненадени биле од посетеноста со домашните гости кои го преплавиле хотелот. Татјана Огненовска, маркетинг менаџерот на хотелскиот капацитет вели дека сезонава не изостанале ниту гостите од балканот како и оние од Русија. Додава дека преполнетоста на хотелот за време на сезоната се должи на ценовната политика која ја поставиле ова лето, а и можеби акциите со кои ги разбудиле македонските туристички агенции

Заедно со новиот сопственик Величе Шумоликоски, кој го поседува хотелот веќе една година, направивме се поврторно да го разбудиме ова место, вели Огненовска. Таа додава дека за кратко време успеале да се наметнат на пазарот на туризмот и да дадат до знаење дека хотелот повторно функционира со многу подобар начин на работа и подобри услуги. Огненоска вели дека сезоната не завршила.

Tatjana OgnenovskaВо рамките на хотелот има и ресторанско работење. Драган Пејовски истакнат угостителски работник, вели дека во овој момент опстојуваат од свадби и вонпансионската потрошувачка.

Хотелот „Бисер“ се наоѓа некаде околу 5 км од центарот на Струга покрај брегот на Охридското езеро. Тој надзира од високите карпи над езерото и често се рефлектира во неговите води, што претставува реткост која го примамува секого. Хотелот претставува модел на типична старомакедонска архитектура, која претендира да ги зачува архитектонските карактеристики и денес.

Ова место е посебно специфично и поради културното наследство бидејќи тука се наоѓа надалеку познатиот манастир Св. Богородица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top