„Билјанини извори“ ќе добијат нов лик

Во тек е конкурсот за проект за идејно решение на  комплексот „Билјанини извори“. „Со неговото уредување ќе добиеме уште едно место со кое ќе можиме да се пофалиме пред странците“, вели градоначалникот Петрески.

 

 |  Лионела Јаковлева  | 
statua
statua

Во тек е конкурсот за проект за идејно решение на  комплексот „Билјанини извори“. „Со неговото уредување ќе добиеме уште едно место со кое ќе можиме да се пофалиме пред странците“, вели градоначалникот Петрески.

Граѓаните ќе одлучат како во иднина ќе изгледа комплексот „Билјанини извори“. Во тек е конкурсот на кој може да се пријави секој кој има изработено проект за идејно решение на ова препознатливо место за Охрид. Градоначалникот Петрески вели дека крајно време е „Билјанини извори“ да си го добијат ликот кој го заслужуваат.

Тој објаснува дека во неколку наврати биле изработувани проекти за „Билјанини извори“, но само за дел од овој комплекс. На почетокот на годинава беше направена илуминацијата на просторот и самиот истек на водата, што беше дел од Проектот за уредување на овој простор финансиран од ГТЗ. Овој проект чинеше околу 7000 евра. Со него, покрај илуминацијата на просторот на „Билјанините извори“, беше предвидено е целосно партерно и хортикултурно уредување, така што целиот овој локалитет требаше да  добие сосема нов и привлечен изглед за  посетителите.

Инаку, ова место сега е најомилено за децата и пензионерите. Тие своето слободно време го поминуваат токму тука. „Со уредувањето на „Билјанините извори“ ќе создадеме уште едно место со кое ќе можеме да се пофалиме пред странските и домашните гости“, вели Петрески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top