Детската недела одбележана со хумана активност во градинките

Менаџерскиот тим на детската установа „Јасна Ристеска“ ги почувствува потребите на социјално загрозени семејствата, па организираше акција со која се одбележа Детската недела.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
poklon
poklon

Менаџерскиот тим на детската установа „Јасна Ристеска“ ги почувствува потребите на социјално загрозени семејствата, па организираше акција со која се одбележа Детската недела.

Марина  Петровска  директорката на детските установи Јасна Ристеска потенцира дека станува збор за скоро нова облека и обувки  која децата брзо ја одрастуваат. Се надеваат дека нивната акција  ќе донесе малку среќа на лицата од родителите кои имаат финансиски проблеми.   

podarociАкцијата  спроведена во 5-те градинки  со помош на  родителите на децата од градинките кои донираа облека и обувки за  нивните врсници од социјално загрозените  семејства, ќе се реализира  во соработка со општинскиот Црвен крст. Собраните 30 -тина пакети со облека и обувки  ќе бидат  распределени според  списоци на деца во општините Охрид и Дебрца веки волонтерот на општинскиот Црвен крст Анета Јованоска.     

Оваа акција во детските градинки се реализра за  прв пат, а  се очекува родителите и  понатака да го покажуваат хуманиот дух. Веќе од 16 октомври започнува Недела на борбата против гладот во која  граѓаните може  да се вклучат со донирање на храна за децата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top