Дваесеттина „Fly-outs“ на Охридскиот аеродром

Дваесет авиони на „Асоцијацијата на пилоти и сопственици на авиони“, АОПА, денес слетаа на охридскиот аеродром.

 |  Крсте Голабовски  | 
avioni
avioni

Дваесет авиони во еден ден на охридскиот аеродром.

Асоцијацијата на пилоти и сопственици на авиони секоја година организира брзи летови со околу дваесеттина мали авиони, и околу 40-50 патници, до непознати дестинации или речиси непознати.

Така, оваа година овој несекојдневен настан ќе се случи на аеродромите во Тиват, Тирана и Охрид. Ерик Епле член на У.О. на АОПА асоцијацијата истакна дека ова е само почеток, затоа што нивна интенција е членовите, односно пилотите и сопствениците на авиони, да видат некои убави делови од светот кои не се толку познати. Епле пријатно изненаден од дочекот и условите со кои се сретнаа на реновираниот Охридски аеродром.

Го имам задоволството и порано да сум бил во сите овие три земји и мислам дека е апсолутно сензационално. Ја имаме предноста што толку многу од членовите на АОПА се тука за прв пат и верувам дека овој развој и понатами ќе ве следи и сигурен сум дека членовите повторно ќе се вратат.“ вели Епле.Инаку АОПА, или Асоцијацијата на пилоти и сопственици на авиони, претставува непрофитна организација која е формирана за целите на цивилното воздухопловство  во далечната 1939 година. Питер Модел 73- годишниот пилот од  Швајцарија беше еден од денешните патници кои пристигнаа во Охрид. Овој сопственик на авион, Пајпер Чајен турбо, двомоторец, со седум седишта, и кокпит под притисок, 53 години е пилот, а сега на него гледа како на хоби. Модел вели дека пречекот бил посебен и дека едноставно уживаат.

Ова е нешто посебно знаете, имате мешавина на луѓе со различни интереси, кои меѓусебе зборуваат за политика, за своите хобија, многу е забавно и убаво. Ова е моја прва посета на оваа земја, неколку пати сум бил на овие брзи летови со различни авиони и…уживам“ потенцира Модел.

avion

Од нејзините сами почетоци АОПА се бори за заштитата на цивилното воздухопловство истворемено обидувајќи се истото да го направи, безбедно, забавно и достапно за секого. Иако нејзиниот раст на самиот почеток е многу спор, само минатата година оваа асоцијација  го зголеми своето членство за повеќе од 400 000 пилоти и сопственици на авиони.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top