Куќата на Уранија, реконструирана со солидно внатрешно уредување, ги чека своите посетители. Но, од нејзиното предавање на Ману таа стои празна под клуч. По скоро, две години од реконструкција не е ставена во функција. Првичната намера беше таа да биде резиденцијален објект на македонските академици. Се обративме до службата за односи со јавност во Ману барајќи одговор што се случува со објектот и зошто сеуште е празен и во мрак.
Во МАНУ, заради годишните одмори се правдаат дека нема кој да ни одговори зошто Куќата на Уранија стои под клуч. Не добивме одговор кога ќе биде ставена во употреба. Се наметнува прашањето дали овој објект од непроценливо културно-историско богатство заслужува ваков третман.
Објектот во кој порано беше сместена етнолошката поставка на градот, во 2008 година беше срушен заради нарушена статика. Нарушената стабилност во темелите стана алармантна по земјотресот кој го зафати Охридско-Преспанскиот регион на 1 септември 1994 година.
Сега, куќата е изградена во автентичен стил, со непромент изглед на фасадата. Во внатрешноста е вграден и лифт, на што реагираше дел од стручната јавност. Со посебно внимание е уредена внатрешност како и што се ветуваше за уредување на ентериерот.
Објектот целосно беше завршен во септември 2009 година. За целосна реконструкција на Куќата на Уранија, Министерството за култура издвои 19 милиони денари.
Овој културно-историски објект датира од
2 –та половина на 19 век. Припаѓал на семејството Филевци, познати закупци на езерскиот риболов во турско време. Од 1959 година Куќата на Уранија била предадена во трајно владение на Народниот музеј, а сега е во сопственост на Македонската академија на науките и уметностите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град