Стартува ракометниот турнир „Струга 2011“

Седум екипи поделени во две групи ќе се натпреваруваат на 39-тиот меѓународен ракометен турнир, “СТРУГА 2011“ што започнува денеска во градот на охридското крајбрежје.

 |   | 
turnir
turnir

Седум екипи поделени во две групи ќе се натпреваруваат на 39-тиот меѓународен ракометен турнир, “СТРУГА 2011“ што започнува денеска во градот на охридското крајбрежје.

Турнирот ќе се одржи од 24 – 27 август на отвореното ракометно игралиште во Струга, јави Охридњуз.

Овогодишното 39 – то издание на струшки турнир повторно ќе биде од меѓународен карактер со што ќе се задржи квалитетот на турнирот.

Во првата група ќе бидат бранителот на трофејот и десеткратниот првак  Пелистер, Металург Јуниор и српскиот Обилиќ. Во втората група ќе играат домаќинот Струга, бугарскиот Спартак од Варна, Борец од Велес и младинската репрезентација на Турција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top