Детското творештво кај нас е во криза. Се помалку авторите пшишуваат книги за деца, а се помалку има рецензенти кои пишуваат критика за детската литература. Мал е бројот на авторите кои сакаат да го стимулираат творештвото за деца, истакнува Цвета Спасикова од Штип, која денес во охридскиот Центар за култура промовираше две нејзини дела, „Химена“ за возрасни и „Миленичиња“ за деца. Покрај „Миленичиња“, автор е и на „Сонот на розата“. Спасикува укажува и на тоа дека во Македонија има и само две списанија за деца, „Чекорче„ и „Росица“. „Одговорна и тешка задача е да ја погодиш темата и сензибилитетот на децата, вели писателката. Треба да се почувствува детската душа. Децата знаат искрено да кажат што им се допаѓа, а што не,“ вели Спасикова.
Писателите тешко можат да живеат од она што го пишуваат, иако покрај тоа што вложуваат дел од себе и од своето време, вложуваат и финансии. Авторите се потешко доаѓаат до спонзорства за печатење, а и државата како да кренала раце од нив.
„Детското творештво, државата порано го помагаше, за жал сега не. Денес е тешко да се најде и рецензенти, има се помалку рецензенти кои пишуваат критика за детското творештво“, нагласува Спасикова.
Цвета Спасикова покрај поезијата за деца ја негува и поезијата за возрасни. Автор е на книгите поезија „Бранувања“,„ Виделина“, „Светилник во Времето“, „Здивот на Брегалница“,„ Македониум“. Од проза има драма, едночинката „Ноќ спроти Богородица“. Нејзината поезија изобилува со емотивни слики и размисли, едноставни животни филозофии, патриотски чувства, љубовен занес, хумор и алегорија. Детската поезија изобилува, пак со едноставност и оргинална фантазија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град